ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ ЗА ДЕЦА ОД 3 - 6 ГОДИНИ
Времетраење: | 2 пати неделно по 1 час (60 минути) | Ликовни цели: |
- детето да се потикне на фокусирање наблудување и распознавање
- да се потикне на упорност во творењето и стекнување на нови ликовни искуства
- да се потикне на различни креативни начини да ги изразува своите идеи,мисли и чуства
- да се оспособи да користи различни ликовни материјали и средства во изразување на своите идеи
- да се подржува детето во настојувањето да истрае во творечката активност кои бараат поголемо внимание
- да се потикне да ја користи својата креативност
- да се подржува и помогне во користење на ликовните матријали и средства
- им се даваат активности во кои децата ке се ангажираат да довршуваат едноставни цртежи на различни начини преку обезбедување на различни педагошки обликувани материјали и предмети.
| Очекувани резултати: |
- детето ја завршува започнатата ликовна активност до крај
- ангажирано е на одредена ликовна активност најмалку 5-10 мин
- креира нови начини во творењето на сопствен начин
- ги искажува своите идеи предлози и мислења во ликовното творење
- Употребува неколку начини за изразување на своите идеи при цртањето
| Форми, методи и наставни средства: |
- Фронтална на почетокот , индивидуална форма а понекогаш работа во парови и групи
- Демонстративно – илустративна метода, дискусија дијалог разговор,метода на визуелно размислување и помнење
- Наставни средства -детски ликовни творби,дела од познати мајстори, разни фигури, сликовници и други списанија...
|
|
ЛИКОВНО ИЗРАЗУВАЊЕ ЗА ДЕЦА ОД 7 - 9 ГОДИНИ
Времетраење: | 2 пати неделно по 1 час (60 минути) | Ликовни цели: |
- воведување во запознавање на ликовниот јазик
- да развива интерес, фантазија и детска креаивност за ликовен израз
- да развива способност за изразување на своите доживувања преку ликовниот јазик
- да развива визуелна и тактилна перцепција
- да го открива, запознае и почитува сопствениот ликовен израз но и да го почитува ликовниот израз на другите деца.
- да распознава и набројува неколку цртачки техники и материјали
- да се развие интерес за вклучување на детето во облагородување на просторот во кој престојува но и на надворешниот простор.
- да се ослободи од стрес и емоционална напнатост преку ликовно творење.
- да се запознае со детски ликовни творби,уметнички ликовни творби и дела од народното творепжштво.
| Очекувани резултати: |
- детето ја завршува започнатата ликовна активност до крај
- ангажирано е на одредена ликовна активност најмалку 5-10 мин
- креира нови начини во творењето на сопствен начин
- ги исказува своите идеи предлози и мислења во ликовното творење
- Употребува неколку начини за изразување на своите идеи при цртањето
| Форми, методи и наставни средства: |
- Фронтална на почетокот , индивидуална форма а понекогаш работа во парови и групи
- Демонстративно – илустративна метода, дискусија дијалог разговор,метода на визуелно размислување и помнење
- Наставни средства -детски ликовни творби,дела од познати мајстори, разни фигури, сликовници и други списанија...
|
|
ЛЕТНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА ДЕЦА ОД ПРЕТШКОЛСКА ВОЗРАСТ
Времетраење: | 2 пати неделно по 2 часа | Фрекфенција на часови: | Претпладне или попладне (во договор на групата) | Програмата вклучува: |
- изработка на оригами;
- играње на модерни танци;
- "Младите готвачи" ( правење вегетаријански ражничи, мафини со ликовите од цртаните серии, овошни милк шејкови, итн.)
- изработка на нараквици и ланчиња ( во зависност од возраста на децата)
- "Нашата зелена градина" ( садење цвеќиња, дрвца...)
- играње на едукативни видео игри со ликовите од цртаните филмови;
- гледање на детски филмови и глумење!
- Тимски активности и игри
- изработка на фигури од глина/пластелин/хартија...
- учење англиски преку песнички и креативни работилници;
|
|