Нашиот јазичен Македонисимо

Во организација на МРТ Сателитска програма, снимена е емисија со тимит на СТАР-ДТ за одржување на настава по македонски јазик за нашите иселеници ширум светот, настава која иако од далечена, сите не зближува и ни ја чува најважната идентитетска нишка, ЈАЗИКОТ!

Ваквата настава е организирана од страна на Агенцијата за иселеништво, и истата дополнително ја проширува преку летна школа организирана во Охрид, каде преку игра, забава и креативни активности длабоко ја врежува македонската традиција кај посетителите на школата. Проследете и споделете ја понатаму и Вие, љубовта вткаена во оваа емисија.