ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА И ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА ЗАПОЧНУВА СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ГРИЖА И СИГУРНОСТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ“
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, по втор пат потпиша Меморандум за соработка со осум општествено одговорни компании за реализација на проектот „ГРИЖА И СИГУРНОСТ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ“, кој започна да се реализира минатата учебна година:
- Друштво за изучување на странски јазици и услуги „ОПОРТЈУНИТИ ДООЕЛ“
- Друштво за интелектуални услуги СТАР – ДТ ДООЕЛ
- Друштво за обука, едукација и услуги „ЦОДИНГ ХОУСЕ“
- СЕАВУС едукативен и развоен центар
- Спортско рекреативно здружение Одбојкарски клуб ФЛАМИНГО ВОЛЕЈ
- Центар за странски јазици „LINGVA ORION“
- Центар за странски јазици „БИБОНИ ЕДЕН“
- Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кочо Рацин“
Создавањето на еднакви можности за сите деца претставува значаен придонес во нивниот развој и им дава подобра можност за успешен живот во иднина. Оттука, континуираната поддршка на Општина Кисела Вода продолжува преку повеќе мерки од социјалната сфера.
Како локална самоуправа информираме дека со реализацијата на овој проект учениците од основните училишта од општината и оваа учебна година ќе добијат бесплатни часови по странски јазици, часови за компјутерска технологија и бесплатен спорт, а пакетот мерки за поддршка ќе биде дополнет и со нови услуги и содржини.