Почетокот на месец јули го обележа доделувањето на сертификатите на учениците кои посетуваа настава за изучување на германски, француски и англиски и успешно ја завршија годината. Местото на настанот беа административните простории на СТАР-ДТ, во зградата на Осигурување Македонија, во една од конференциските сали, со што беа запазени и мерките за одржување дистанца. Но, после една година учење од далечина, беше невозможно да се сретнете со учениците а да не ги гушнете! Ова се нашите херои кои издржаа тешка учебна година и заслужуваат топла прегратка и поддршка за понатаму!