Зајакнување на тимскиот дух кај децата

Во ноември СТАР-ДТ започна со организирање на настани за зајакнување на тимскиот дух кај децата ( Team Building).

Среќни сме што имавме пријавени околу четириесет деца за оваа активност. Беа поделени по групи по случаен избор од различни возрасти и одделенија.

Додека се качувавме до средно Водно, требаше да направат листа како група и да ги изгласаат најдобрите три филма што до сега ги гледале, да запишат три личности кои би сакале да ги запознаат од Македонија, и да одберат три игри кои радо би ги играле (но не комјутерски игри (smiley) ).

Беше навистина забавно....многу интересни идеи, многу доживувања на патот до средно Водно.

Галерија