-
10.12.2021
-
Новости, Обуки
На 10.12.2021 се одржа обука за вработените од Осигурување Македонија на тема „Стратешко Планирање“ во кој проф. д-р Стојан Дебарлиев од Економскиот факултет, се осврна на некои предизвици со кои се соочуваат менаџерите во време на пандемија и можност за равивање на соодветните бизниси ( во случајот осигурителниот).
Свој краток осврт имаше и проф. д-р Ирена Андрееска со краток сегмент поврзан со примена на етички принципи на работа и кодекс на однесување, што всушност треба да се вградени во темелите на секоја професионална компанија ориентирана кон принципиелно исполнување на своите операции.