Со радост го дочекавме денешниот ден да се дружиме со нашите најдраги слушатели преку активност која го обележува почетокот на големиот христијански празник Велигден. Добро позната традиција е дека на денешен ден пред изгрејсонце се вапцуваат црвени јајца.
СТАР-ДТ за таа цел организираше дружење со натпреварувачки карактер во кое за 45 минути учесниците требаше да декорираат црвено јајце. Прекрасно поминати минути со музика, џагор, смеа и другарување. Сликите нека говорат за креативноста на учесниците. Честитки до наградените за најуспешни декорации...