Летната школа за ученици во Охрид

Во периодот од 25.07.2022 до 31.07.2022, СТАР-ДТ учествуваше во Охрид на Летната школа за ученици, наши иселеници кои живеат во различни земји на светот, организирана од страна на Агенцијата за иселеништво. Оваа година на Летната школа учествува 34 ученика од Швајцарија, Хрватска, Србија, Шведска, Австралија, Словенија и Австрија.

Во оваа пригода, покрај учењето на мајчиниот јазик, децата имаа можност да посетат значајни културно-историски знаменитости и низ игри, работилници и дружења да се запознаат со вредностите и обележјата на Македонија. Самата настава беше интерактивна со вклучена тимска работа, креативни ликовни и спортски игри. Се надевам, драги наши, дека долго ќе го паметите ова искуство!

Галерија